Министерството за здравство информира, сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да знаат неколку важни информации за самата вакцина и процесот на создавање имунитет.
Препораките и информациите ви ги пренесуваме во целост:
– По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена.
– Најчести несакани ефекти по примање на вакцината се болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa.
– Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата.