Министерство за здравство: Стапката на смртност од КОВИД-19 во земјата е далеку под европскиот и светскиот просек

25
(AP Photo/John Minchillo)

ВМРО-ДПМНЕ упорно пласира во јавноста тези дека процентот на смртност во нашата земја е далеку над останатите земји во регионот, европскиот и светскиот просек, велат во соопштението од Министерството за здравство.

„Смртноста од КОВИД-19 во земјава не е највисока во регионот и таа не се смета според бројот на жители, туку според бројот на заразени.

Процентот на смртност од вкупниот број потврдени со КОВИД-19 во РС Македонија изнесува 5.8%, а со повисок процент на смртност во регионот се Словенија со 7.3%, Босна и Херцеговина со 6.2%, Грција со 6.0%.

Процентот на смртност во нашата земја е под светскиот просек кој изнесува 6.17% и далеку под европскиот просек кој изнесува 8.75%. Ако се земат во предвид процентите на високо-развиените европски земји како што се, Белгија со 16.26%, Франција со 15.63%, Италија со 14.31%, Велика Британија со 14.02% и Шведска со 12.03%, Република Северна Македонија има два до три пати помала стапка на смртност“, истакнуваат од Министерството и додаваат:

„Притоа, Република Северна Македонија е земја која зема постмортем брсиеви на лицата кои починале со симптоматологија на болеста. Ова е одговорна стратегија затоа што на овој начин се изолираат контактите на починатиот и се превенира понатамошно ширење на епидемијата. Ако од вкупната бројка на починати од КОВИД-19 се изземат позитивните резултати постмортем, стапката на смртност во земјата би била уште пониска“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.