Министерството за економија им одговори на туристичките комори: Ситуацијата со коронавирусот да не се користи за постигнување придобивки

66

Во ситуации кога главен предизвик е решавање на проблемот со вирусот COVID-19, не треба да се гледа можност за постигнување одредени придобивки. Апсолутно сме свесни дека туристичкото стопанство има сериозни последици, но факт е дека и другите гранки од економијата ги чуствуваат. Ја следиме ситуацијата во сите индустриски гранки и свесни сме за последиците, но во моментот приоритет е здравјето на граѓаните.

Ова е ставот на Министерството за економија по јавно изнесените десет барања од страна на туристичките комори кои денеска предупредија дека загубите во туризмот веќе достигнуваат 80 отсто, како и дека постои можност од отпуштање вработени и затворање на некои од туристичките компании.

-По однос на барањата од страна на туристичкото стопанство, укажуваме дека како и повеќето земји во светот, и Северна Македонија се соочува со предизвици и последици кои се резултат на COVID-19. Во моментот Владата работи на превенција и намалување на бројот на заразени, како и на кординација на сите институции согласно препораките од Светска здраствена организација (СЗО), наведува Министерството за економија.

Министерството ги упатува коморите да достават анализа за предизвиканите штети од откажувањата на турите, семинарите, конференциите и продажбата на аранжманите до Координативното тело кое е веќе е формирано и кое е составено од претставници на Министерството за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), сите туристички комори и здруженија.

-Што се однесува до мерките кои се директно под наша надлежност, укажуваме дека туристичкото стопанство ќе има максимална подршка, односно предлогот за осигурување аранжмани е прифатлив и е предвиден во измените на Законот за туристичка дејност. Во делот на мерката за поддршка на домашниот туризам што го имаме предвидено во Програма, ќе се разгледува и предлогот Програмата да се дополнува со ранливи категории како што се пензионери и граѓани со одредени заболувања, наведува Министерството.

Министерството за економија сугерира Министерството за финансии и Министерството за култура задолжително да направат анализа на барањата на туристичките комрои за правилникот на ЗАМП, додека АППТ согласно своите надлежности да направи анализа за можностите за промена на Програмата за работа, како и пренамена на средствата за субвенции за странски организиран туристички промет во Фонд за туризам со цел обесштетување на засегнатите страни.

-Уште при последниот состанок на Кординативното тело за туризам Министерството за економија ја поддржувше мерката “конференции, симпозиуми, семинари и други настани кои се во организација на државни институции, општини или други јавни установи наместо да се предвидат надвор од државата, да се организираат во нашата држава во објекти кои имаат соодветна материјално техничка база како одговор на сите одложени настани и ненадоместливата штета, стои во соопштението на Министерството за економија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.