Министерството за одбрана музичарите од Пепелиште денеска ќе ги префрли во Заводот во Демир Капија

Лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак,  во текот на денешниот ден ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија, соопшти Министерството за одбрна.

– Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени, се истакнува во соопштението.