Министерството за здравство направило превид, Нетковски не е директор на Клиниката за уво, нос и грло

Министерството за здравство соопшти дека направило превид па за две клиники се објавени неточни податоци околу имињата на новите директори и на Клиниката за уво, нос и грло е поставена д-р Габриела Копачева – Барсова, наместо како што беше претходно најавено за д-р Јане Нетковски

Именувани се и првите луѓе на 44 други здравствени установи, а од попознатите сменет е доктор Сашо Стојчев во градската општа болница „8-ми Септември“, каде е што поставен доктор Кристијан Костов, на гастро клиниката е поставена новата претседателка на лекарската комора Калина Старделова, во Здравствен дом Скопје е имениван Злате Мехмедовиќ од СДСМ, како и директорот на Инфективната клиника Звонко Миленковиќ, каде нова директорка е Милена Сефановиќ.

Претходно др Јане Нетковски ги демантираше обвинувањата на негова адреса и вели дека не постои правосилна судска пресуда со којаштп тој е осуден за какво и да е кривично дело.
За Нетковски медиумите и опозицијата претходно потсетуваа дека бил приведен од полицијата и му била поднесена кривична пријава за земање мито од пациентка, со цел да изврши две хируршки интервенции.