Министерството за здравство не го дава лекот на болните од цистична фиброза, утре протест

Членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 11:55 часот ќе протестираат пред Министерството за здравство, бидејќи, како што велат, и покрај ветувањата кои што досега ги добивале од Министерството, Фондот за здравствено осигрување (ФЗОМ) и Одделите каде се лекуваат нивните пациенти, нема поместување во третманот на болеста кон подобро, а здравствената состојба им се влошува.

„Како што знаете, Асоцијацијата за цистична фиброза водеше активна кампања за да ги поттикне надлежните институции за воведување на ЦФТР модулатори за сите пациенти. Терапија до овој момент нема обезбедено, а дали ќе се обебеди и кога, немаме добиено одговор.

За таа цел, Ве покануваме Вас како претставници на медиумите да учествувате во нашата борба и да ни помогнете да се избориме за нашите права.

Асоцијацијата за цистична фиброза организира мирен протест кој ќе се одржи на 26-ти декември, понеделник 11:55 (5 до 12) пред Министество за здравство.

Би ни значело доколку и овој пат ја добиеме Вашата поддршка и помош за да ја запознаеме јавноста со оваа проблематика“, велат од Асоцијацијата.