Министри и функционери преку ред се вакцинирале од Ковид 19

Иако вакцините беа првенствено најавени како наменети за доктори и здравствени работници, сепак се случила вакцинација преку ред на министри, директори од власта и пратеници, објавува порталот „Лидер“.

„На редакцијата и се познати имињата на оние кои се вакцинирале, но, информацијата е од класифициран карактер и доколку ја објавиме ќе значи дека повторно ќе се води судски процес против компанијата и главниот уредник. Власта намерно листата ја стави како класифицирана информација, за да се избегне објавување на имињата.

На листата на вакцинирани, иако не се доктори, има најмалку тројца министри, двајца пратеници и неколку директори на државни компании. Со овој чин власта ги ставила во ризик докторите кои секојдневно се во првата линија на борба против вирусот, тие ќе чекаат на вакцини на сметка на овие државни фунционери“, се вели во објавениот текст.