Министрите нарачаа шест тони свежо месо

Владата распиша оглас за набавка на над шест тони свежо месо во вредност од 2.400.000 денари, пренесува Пресинг ТВ.

Ќе се набавува свеж јунешки мускул добиен од млади говеда, јунешки бут, јунешки рамстек, телешки бифтек, свински прави ребра меснати свежи, крезли и јатки од свежо јагне, прасечко месо, свинско каре, свинско филе.

Според огласот очигледно дека најмногу се јаде јунешки бут без коска добиен од млади говеда од 18 до 24 месеци старост. Се јаде дури два тона јунешки бут годишно.

Меѓу омилените јадења на министрите по се изгледа е и свинското каре. Ќе се набави нешто повеќе од еден тон вакво квалитетно месо.

Според пресметките направени врз основа на набавката која ја прави Службата за општи и заеднички работи при македонската влада,  месечно во рестораните кои се под  капата на СОЗР се јаде по 522 килограми месо, или дневно по 22 килограми свежо јунешко или свинско .

За набавката на свежо месо ќе се спроведе електронска аукција, а  тендерот ќе го добие фирмата која ќе понуди најниска цена.