Министрите се фалат а не знаат како да ги реализираат донесените мерки, па новинарите им се криви

Наместо одговори за граѓаните кој, кога и како може да добие платежни картички од 6 плус 3.000 денари за купување на домашни производи и ваучери за туризам од 6.000 денари, министрите за финансии и економија, Ангеловска и Бектеши со напад кон новинарите – констатираа нетрпеливост и притисоци во прашањата дури и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања, објави ТВ Телма.

  • Наметнавте многу прашања меѓу кои што дел од голем дел од прашањата имаат една доза на нетрпеливост – рече Ангелоска
  • Ме чуди фактот што новинарка како Александра што имаат големо искуство и многу многу добро знаат за економијата и за процедурите како се донесуваат мерки било тоа со уредба со законска сила било тоа како се донесува програма да направи вакви прашања – рече Бектеши
  • Вака реагираме затоа што до сега имаме стотици граѓани кои што се јавиле во нашите редакци во услови кога два пати слушаме ист прес со најавени мерки без конкретни податоци. Ние очекуваме да изработите уредба и да кажете таа и таа уредба ќе важи за тие и тие и ги повикуваме граѓаните да аплицираат. А сега ние немаме уредба  не знаеме ни кој граѓани ќе ги исполнат условите и викате ги повикуваме граѓаните да аплицираат- Телма.

И по втор обид конкретни одговори немаше, освен дека институциите напорно работат.

  • Придобивките ги знаеме конкретно кога граѓаните ќе можат да ги користат овие ваучери кога фирмите ќе ги добијат парите – Сител.
  • Драго ми е ако ги знаете ефектите ако е главното прашање за уредбите. На уредбите интензивно се работи во многу тимови се очекува до крајот на следната недела да ги доставиме и усвоиме уредбите по овие мерки- рече Ангеловска.

И по прес-конференција од час и половина и повторување на презентацијата од пред неколку денови на техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој ги најави мерките од третиот сет и кажа дека ќе тежат 355 милиони евра, останаа низа необјаснети прашања за граѓаните.

Она што го дознавме, е дека некаде јуни – јули ќе се издаваат картичките на невработените со приходи под 15.000 денари. Нема да треба да аплицираат туку УЈП од Годишните даночни пријави ќе вади листа на граѓани кои ги исполнуваат условите. Со картичките нема да може да се вади готовина, туку парите ќе се трошат за плаќње на сметки за купување на домашни производи. Истата постапка ќе биде и за ваучерите за туризам, за вработените со плати под 15.000 денари, а ваучерите ќе може да се користат до крајот на годината. Најголем дел пак од мерките за компаните се бескаматни кредити, државна гарантна шема за комерцијални кредити, поддршка на инвестиции, пласман на нови пазари, а голем дел се планиранирани да почнат со реализација во септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.