Министрите за финансии на ЕУ бараат решение во билатерални разговори

07 April 2020. EPA/BART MAAT

Видео-конференцијата на министрите за финансии на земјите членки на Европската унија, која требаше да почне во 17 часот во четвртокот, доцна вечерта сѐ уште не беше почната, бидејќи се прават обиди на билатерално ниво да се постигне компромис за фискалниот пакет за ублажувањето на економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Според последните информации кои за новинарите ги соопшти портапролот на еврогрупата Марио Сентено, состанокот требало да започне околу 21,30 часот, но сигурни информации за тоа нема и натаму.

Медиумите пренесуваат дека очигледно немало расположение да започне виртуелниот состанок додека не стане јасно дали на повидок има договор или повторно ќе треба да биде одложена и да се закаже нова конференција. Според неофицијалните информации, страните наводно се блиску до постигнување договор.

Овој виртуелен состанок треба да биде продолжување на оној кој беше прекинат без резултат во средата утрото по 16 часа дискусија. Шефот на еврогрупата, Марио Сентено, се обидувал пред видео-конференцијата да постигне компромис во билатералните разговрои со Италија и Холандија.

Најголемата пречка за постигнување компромис биле разликите меѓу Италија и Холандија по прашањето на условите за доделување на кредити од Европскиот стабилизациски меганизам (ESM), како и во врска со прашањето за заедничкото задолжување.

Холандија е истрајна на ставот дека за кредитите од ESM ваќат и натаму строгите услови, што Италија го отфрла. Рим, исто така, бара решение кој би овозможило издавање заеднички обврзници, за што има поддршка во повече земји, меѓу кои се и Франција и Шпанија. Од друга страна, пак, на тоа покрај Голандија се спротиставуваат и Германија, Австријаи Финска.