Министрите за одбрана на НАТО на дводневна дискусија за Сирија и отпорноста на телекомуникациите

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ќе разговараат во четвртокот и петокот на средбата во Брисел за состојбата на североистокот од Сирија и јакнењето на отпорноста на телекомуникациските системи во земјите членки.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави дека министрите ќе дискутираат за ситуацијата во североисточна Сирија, каде Турција води воена операција против крудските сили. Столтенберг во поздрави „значителното намалување на најсислтвата по заедничката изјава на САД и Турција“.

Столтенберг призна дека по прашањето на Сирија постојат значителни разлики меѓу сојузниците во Алијансата, особено во поглед на дејствувањето на Турција.

„Не можеме да негираме дека постојат разлики. Тие разлики меѓу сојузниците претставуваат проблем и затоа ни е потребна отворена и искрена дискусија“, рече Столтенберг.

НАТО не ја осуди воената операција на Турција започната на 9-ти октомври против курдските сили. Курдските сили во Сирија беа вклучени во коалицијата предводена од САД во борбата против џихадистичката организација Исламска држава, коалиција во која учествува и Турција и повеќе членки на НАТО и ЕУ.

Турција на 17-ти октомври на барање на САД се согласи да ја сопре операцијата на пет дена. Договорот меѓу Анкара и Вашингтон предвидува воспоставување „сигурна зона“, во длабочина од 32 километри во сириска територија покрај границата со Турција. Сема

„Охрабрени сме од резултатите од турско-американскиот договор. Сега е потребни што поскоро да се постигне политички договор“, рече Столтенберг.

Челникот на НАТО одби да ја осуди турската интервенција, но исакна дека турската „загриженост за безбедноста е легитимна“. Анкара силите на сириските Курди ги смета за фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) со која војува речиси четири децении во југоисточна Турција.

Столтенберг, исто така, одби да го коментира договорот кој го склучија Турција и Русија за североисточна Сирија. Според овој договор, Турција се согласи да ги ограници своите воени операции на сириска територија која ја презема од курдските сили. Во тие области треба да патролираат сириски, турски и руски сили.

Германија, инаку, како што се дознава предложила во оваа област да се востпостави безбедна зона поделена на сектори и под меѓународна управа под контрола на Обединетите нации.

Министрите за одбрана на НАТО, исто така, ќе разговараат и за мисиите и операциите на Алијансата, како и за подготвенсота на безбедносните сили во земјите членки. Меѓу поважните теми е јакнењето на отпораноста на телекомуникациските системи и орбата против кибернетичките закани.

„Ќе разговараме, ист тоа,а за нашите одговори на хибридните закани и напорите за да осигуриме дека нашите општества ќе бидат поотпорни“, рече Столтенберг. Истакна дека цивилната ифраструктура е во надлежнсота на државите членки, но дека дрќавите члнеки во Договорот ја преземале обврската да ја штитат отпорноста на својата инфраструктура.

„Од сите сојузници се бара да имаат сигурни телекомуникациски системи во мир, кризи и во судири“, рече Столтенберг, додавајќи се дека тоа се однесува и на најновата генерација на 5G мобилните мрежи. Имено, некои западноевропски земји го пренабрегнуваат предупредувањето да им забранат на кинеските компании да учествуваат на тендерите за градење на 5G мрежите.

Ова е последниот министерски состанок пред самитот на НАТО кој ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември во Лондон.