Миноски: Опозицијата прави преседан со кој го нарушува финансискиот углед на Македонија (ВИДЕО)

Процесот продолжува и понатаму, она што е негативно е дека на овој начин се прави еден преседан од страна на опозицијата со кој се нарушува финансискиот углед на Република Македонија, меѓутоа владиниот тим и понатаму во наредните денови ќе соработува со инвеститорите.

Ова во телефонска изјава за Сител телевизија го посочи министерот за финансии Кирил Миноски.

Веќе неколку дена владиниот тим се наоѓа на таканаречено инвестициско роуд шоу кое што покрива повеќе финансиски центри, тоа се Лондон, Њујорк и Бостон. Во текот на ова инвестициско роуд шоу остварени се повеќе од педесеттина состаноци со заинтересирани инвеститори, кои што навистина искажаа голем интерес да инвестираат во македонската евообврзница, рече Миноски.

Министерот нагласи дека во текот на денешниот ден беше објавена трансакцијата, меѓутоа во исто време е испратено едно писмо од страна на опозициската СДСМ, со низа обвинувања со кои се дава една негативна конотација на целиот процес до банките кои што го сочинуваат синдикатот кој работи активно на оваа еврообврзница.

Со оглед на тоа што станува збор за ценовно сензитивна информација, истата мора да биде споделена со сите заинтересирани инвеститори и од таа причина ова соопштение е отидено во јавноста. Нормално таа инфомрација е отидена со оној дел во кој е истакнато дека Владата на Република Македонија издабањето на еврообврзницата ја извршува согласно позитивните законски прописи, за што е дадена валидизација и од правниот застапник кој се грижи за законитоста на целокупниот процес, рече Миноски.

Според него, процесот продолжува и понатаму, она што е негативно е дека на овој начин се прави еден преседан од страна на опозицијата со кој се нарушува финансискиот углед на Република Македонија.

Меѓутоа владиниот тим и понатаму во наредните денови ќе соработува со инвеститорите. Основата цел на Владата на република Македонија и МФ и понатаму останува креирање на нови работни места, поттикнување на инвестиции, креирање на подобро деловно опкружување и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Овој процес со еврообврзницата продолжува и понатаму, ќе видиме какво ќе биде однесувањето на инвеститорите по објавувањето на оваа чувствителна информација. Се надевам дека нема да имаме големи негативни последици од ова неодговорно однесување од страна на опозициската СДСМ, рече Миноски.

Министерот нагласи дека владиниот тим и понатаму ќе има интензивна комуникација со тимот кој работи на подготовка на издавање на еврообврзницата, меѓутоа исто така ќе имаат интензивни разговори и со заинтересираните инвеститори, со кои понатаму ќе разговараат во делот на новонастанатите околности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.