Миноски: Средствата од СБ се потврда за добрите политики, ММФ не ја затвора канцеларијата

Во петокот Светска Банка оддели на располагање 25 милиони евра за Македонија. За ова во вестите на Сител зборуваше министерот за финансии Кирил Миноски.

Тоа е уште една добра вест и верификација на економските политики на Владата на Македонија. Владата одржува постојани и добри односи со речиси сите меѓународни финансиски институции, вклучително и со Светска банка. Се работи за кредит кој што им за цел подобрување на квалитетот на општинските услуги. Во периодот кога беа закажани изборите, дојде до извесно одлагање на овој износ од 25 милиони евра, појаснува Минсоки.

Со информацијата дека ни се одобрени овие средства се дава еден позитивен импулс на инвестициската активност на ниво на единици на локална самоуправа.

Средствата ќе бидат искористени за изградба на инфраструктурни проекти на локално ниво. Со првите средства од Светска банка беа реализирани над 70 капитални проекти во општините, рече Миноски.

Тој појасни дека веднаш ќе се пристапи кон објавување на повик за искористување на средствата.

По однос на шпекулациите на опозицијата дека ММФ ја затвора канцеларијата во Македонија, Миноски вели дека не е точно, туку дека само е повлечен резидентниот претставник.

Резидентниот претставник на ММФ од интерни причини е повлечен. Многу често кај држави кои немаат кредитен аранжман, таму нема или се повлекува резидентниот претставник. А тоа не значи дека канцеларијата е затворена, појаснува Миноски.