Минск предупреди на создавање борбени групи на НАТО на границата на Русија

НАТО ги удвоил своите трупи во Источна Европа и всушност се подготува за војна, изјави во петокот Руслан Косигин, замени на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија.

„Западот ги интензивираше настаните за значитечно зголемување на борбените групи во Источна и Југоисточно-Источна Европа. Истовремено значителен дел од силите и средствата, наводно наменети за зајакнување на источното крило на Алијансата, беа префрлени од континенталниот дел од САД“, рекол Косигин.

Според него, во моментов во споменатите региони се стацинирани околу 37.500 војници, од кои 24.500 во Полска и во балтичките земји.

Белорискиот генерал додава дека во непосредната близина на границите на Русија и Белорусија во моментов веќе има распоредени трупи на чијашто основа во најкусо можно време може да се формираат ударни борбени групи.

„На териториите и во воздушниот простор на државите во Централна и Источна Европа, како и во Полска и земјите на Балтикот, како и во акваториумите на Балтоичкото и Северното Море, се одржуваат големите мултинационални вежби ‘Бранител на Европа 2022“. Всушност, во тек се подготовки за воени операции во источен правец“, вели Косигин.

Вежбите на Северноатлантската алијанса се одржуваат од 1-ви до 27-ми мај на територијата на девет европски земји. Вкупно, како што најави полското министерство за одбрана, на нив ќе учествуваат 18.000 војници од 20 земји.