Минусна температура среде април – најстудено утро во Берово, од вечерва ќе трупа и снег без престан!

Утрово е најстудено во Берово со -1 степен, а максимални 9 степени се измерени во Охрид. Според Управата за хидрометеоролошки работи нула степени се измери на Попова Шапка, три во Крива Паланка, Лазарополе, Маврови Анови и Струмица, четири во Крушево, Скопје-Петровец, Штип и Демир Капија, шест во Гевгелија, седум во Дебар, осум во Дојран, Претор, Куманово, Битола, Тетово, Прилеп, Виница и Скопје-Зајчев Рид.

Времето денеска ќе биде облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.