Минута е до полноќ, предупреди Џонсон на почетокот на климатскиот самит

Конференцијата на Обединетите нации којашто се смета за клучна во спречувањето на најпогубните ефекти од климатските промени, започна во понеделникот во шкотски Глазгов, а нејзината задаче е обесхрабрувачка поради неуспехот на големите индустриски земји од групата Г20 да се договорат за амбициозните нови обврски на самитот кој во неделата заврши во Рим.

Конференцијата COP26 започна ден откако дваесетте најголеми светски економии не успеаја да се обврзат на целта за јаглеродната неутралност до 2050 година, рок кој некои експерти го наведуваат како неопходен за да се спречи најекстремното глобално загревање.

Наместо тоа, во нивните разговори во Рим, како што е наведено во заедничката изјава, само ја препознале „клучната важност“ од запирањето на нето емисиите на штетните гласови „до или околу средината на векот“, но не ја одредија временската рамка за постепеното исфрлање на јаглеродот на национални нивоа, и ги разводнија ветувањата за намалувањето на емисиите на метанот, стакленички гас многу посилен но и многу пократкотраен од јалгерод диоксидот.

Декларираната доследност на постепеното укинувње на субвенциите за фосилните горива „на среден рок“ е формуалцијата којашто Г20 ја употребија уште на самитот во Питсбург во 2009 година.

„Човештвото веќе долго доцни по прашањето на климатските промени. Минута е до полноќ на часовникот на Судниот ден и мораме да дејствуваме веднаш. Доколку денеска не ги сфатиме сериозно климатските промени, утре ќе биде предоцна за нашите деца“, предупреди британскиот премиер Борис Џонсон во понеделникот на отворањето на конференцијата во Глазгов.

Додека Џонсон зборуваше, медиумски лансираната шведска тинејџерска климатска активистка Грета Тунберг ретвитна повик до милиони нејзини проврзаници да го потпишат отвореното писмо во коешто светските челници се обвинети за предавство.

„Ова не е вежба. Ова е црвената ознака за Земјата. Милиони ќе патат додека нашата планета ќе биде уништувана – застрашувачка иднина којашто ќе се создаде, или избегне, со одлуките кои вие ќе ги донесете. Вие ја имате моќта на одлучувањето“, се наведува во писмото.

Бројни челници ќе излезат на говорницата во Глазгов на почетокот на двоседмичните преговори на климатската конференција којашто е оценета како „решавачка“ од страна на домаќинот Велика Британија.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, им порача на лидерите дека доколку конференцијата за глобалното загревање не успее, земјите би требало секоја година да се враќаат со подобри предлози наместо на секои пет години како досега.

„Доколку обврските бидат недоволни на крајот од овој COP, земјите мора да ги преиспитуваат своите национални климатски планови и политики не на секои пет години, туку секоја година и секој момент“, изјави Гутереш обраќајќи им се на светските политички челници присутни во Галзгов, меѓу кои се и американскиот преседател Џо Бајден, германската канцеларка на заминување Ангела Меркел и индискиот премиер Нарендра Моди.

Челникот на светската организација рече и дека честопати има „недостиг од веродостојност или вишок на збунетост во врска со целите за намалувањето и нултата стапка на емисиите“.

Гутереш истакна дека е неопходно придружување до целта за ограничувањето на растот на глобалната температура на 1,5 Целзиусов степен и повика на солидарност со земјите во развој.

„Зависноста на светот од фосилните горива го доведува човештвото до работ од опстанокот. Изборот е едноставен: или тоа ќе го запреме или тоа ќе нѐ запре нас. Време е да кажеме ‘доста’. Доста за уништувањето на биоразличноста. Доста на тоа самите да се убиваме со јаглерод. Природата да ја третираме како нужник. Доста со палењата на шумите, дупчењата на почвата и копањата. Самите си ги копаме сопствените гробови“, драматично предупреди генералниот секретар на ОН.