Миранда од „Сексот и градот“ во трката за гувернер на Њујорк

Актерката и неолибералната активистка Синтија Никсон, позната по ликот на Миранда од „Сексот и градот“, објави во понеделникот дека ќе влезе во трката за гувернер на Њујорк, предизвикувајќи го сегашниот гувернер Ендрју Куомо во трката за номинацијата од Демократската партија.

„Го сакам Њујорк и ја објавувам кандидатурата за гувернерка“, напиша на Twitter 51-годишната Никсон.

Шеесетгодишниот Куомо, син на покојниот гувернер на Њујорк, Марио Куомо, оваа година го бара третиот мандат. Демократските партиски избори ќе се одржат на 13-ти септември, а изборите за гувернер на 6-ти ноември.