Мирческа и Стојкоски на ултра маратонот Монт Блан 2019

42

Репрезентативците во ултрамаратонско планиско трчање Мери Мирческа и нејзиниот тренер и натпреварувач во категоријата мажи, Александар Стојкоски, утре ќе учествуваат во најпознатата европска и светска ултра маратонска трка Монт Блан 2019.

Мирческа и Стојкоски, кои се веќе неколку дена на подготовки и прилагодување на екстремните услови во спортскиот центар Шамони, на падините на Алпите во Фарнција, со претходно освоените поени и врвни пласмани во меѓународните трки, без селекција, директно се пласираа за учество на ултра планинскиот маратон Монт Блан 2019.

Утре, кога ќе започне трката, Александар Стојкоски ќе се натпреварува во машка категорија до 100 километри, а Мери Мирческа ќе се натпреварува во женска категорија во трка во должиона 171 километар.

Досега ниту еден претставник од Северна Македонија нема постигнато позначаен пласман во планинско трчање на оваа престижна трка, а успесите на Мирческа и Стојкоски во текот на оваа и претходната година, најавуваат висок пласман, велат од тимот на репрезентативците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.