Мирчевски: Дали ќе лета само Зибери, дали курбан ќе оди и Караџоски или ќе си продолжат да лажат без уво да ги боли?

И сега не разбрав, Филипче синоќа го разреши или не го разреши Зибери? Антикорупциска вели правни пречки нема, а Филипче тврди дека нема да му прости. Кај закочи работава сега?

До душа малку во незгодна позиција се најде министерот. Кого попрво да покаже со прст дека лаже?
Дали само Зибери кој тврди одлуката за отварање на границите е политичка и дека комисијата донела политичка одлука, дали Караџовски кој тврди дека комисијата не донела таква одлука? Се заплеткаа во лаги, не знаат како да се извадат!

Ако го смени Зибери затоа што, како што рече Филипче лажел дека одлуката била политичка, тогаш треба да го смени и Караџовски кој тврдеше дека комисијата не дала таква препорака. Зошто Филипче не зуцна ни збор за контрадикторните изјави на Спасовски и Караџовски? Или кпга лажат нивните е во ред. Кога ќе се вмеша трет тогаш Филипче не простува?

Ај нека седнат денеска и нека се договорат па нека кажат по чија препорака и за чии интереси ги отворија границите? Овој пат ако лажат барем да бидат координирани… Да не не прават мутави.

Значи кога ќе ја спремаат новата вистина нека се договорат кој лажел:
Дали Спасовски лаже дека комисијата препорачала такво нешто?
Дали Караџовски лаже дека комисијата не дала препорака?
Дали Зибери лаже дека границите се отворени за да дојдат иселениците Албанци да гласаат на избори за премиер Албанец?

Ќе почекаме и денеска да видиме дали Филипче простувал или не простувал и кому простува, а кому не простува! Дали ќе лета само Зибери, дали курбан ќе оди и Караџоски или ќе си продолжат да лажат без уво да ги боли?