Мирко Спасески нов претседател на ФК Вардар

Легендарниот капитен на „црвено-црните”, Мирко Спасески и официјално е именуван за нов претседател на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар.

„Многу сум среќен што сум дел од овој голем проект на Вардар. Среќен сум што по толку години повторно сум во Вардар, заедно со овој нов тим, да направиме нешто повеќе за Вардар не само во домашни рамки туку и во Европа. Ќе се потрудиме од следната година да влеземе или во Лигата на Европа или во Лигата на шампионите. Тоа зависи пред се од квалитетот и од среќата“, изјави Спасески за официјалниот сајт на ФК Вардар.

Дека Вардар полека но сигурно се вракаќа на победничката петека потврди и новиот спортски директор на “црвено-црните”, Ѓоко Хаџиевски.

„Имаме голема мотивација. Полни сме со енергија да го вратиме Вардар на Секој од нас има свој дел во кој ќе делува. Секој од нас има своја одговорност, но заедно ќе се координирам за доброто на Вардар. Со Спасески добро се знаеме од периодот кога бев тренер на Вардар, и заедно на чело со господинот Симев ќе се обидеме да го вратиме сиот сјај на Вардар“, изјави Хаџиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.