Мирослав Лајчак следната недела во посета на Западен Балкан

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина и други прашања од Западен Балкан Мирослав Лајчак ќе го посети регионот на Западен Балкан во првата недела од март.

Посетата ќе започне во Приштина од 1 до 3 март, ќе продолжи во Србија на 3 и 4 март, а како дел од својот регионален мандат, тој, исто така, ќе ја посети Црна Гора на 4 и 5 март, соопшти ЕУ.

Лајчак планира да се сретне со политичките лидери на сите три партнери од Западен Балкан, како и со претставници на ЕУ на теренот.