Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска, во врска со војната во Украина, дека „никогаш не сме биле толку блиску до мир, а воената ситуација никогаш не била толку опасна“.
„Се наоѓаме во многу тешка и чудна ситуација“, изјави Орбан за унгарското државно радио, пренесе агенцијата МТИ.
Тој наведе дека во двата неодамнешни извештаи за настаните во војната во Украина била нагласена одговорноста на европските политичари.