Мис на светот за 2018-та е претставничката на Мексико

Мексиканката Ванеса Понс де Леон е избрана за Мис на светот за 2018 година, објавија во саботата органзиаторите на изборит на убавина,.

„Титулата на 68-от избор на Мис на светот е Ванеса Понс де Леон од Мексико“, се наведува во кусата порака на официјалниот профил на изборот на Twitter на кој годинава се натпреваруваа 118 победнички на националните избори ширум светот, на возраст од 18 до 26 години.

Годинешното издание на изборот Мис на светот, беше одржан во Сања на островот Хајнан. Изборот се одвива во ова место во јужната кинеска островска покраина од 2011 година.

Понс де Леон ја крунисаше минатогодишната победничка, Индијката Мануши Чилар. Второто место го зазема претставничката на Тајланд, Николин Пичапа Лиммснукан, а во финалето влегоа и претставничките на Белорусија, Јамајка и Уганда.

Последната фаза од изборот траеше три часа и се состоеше од неколку дела. Девојките танцуваа во нациналните носии, на јавноста и’ беа прикажани и видеа снимени на еден месец пред финалето, од спортски натпревари, дефилето во вечерни тоалети , демонстрација на хуманитарни проекти и покажувањето на талентите на претставнчките.

Земајќи ги предвид сите достигнувања, жирито издвои 30 кандидатки за дијадемата, а потоа избра 12 најдобри, од кои издвоија пет девојки. Од секоја девојка беше побарано да одговори последното прашање, што влијаеше на конечниот избор на жирито.

Меѓународниот избор Мис на светот првпат е одржан во 1951 година, по иницијатива на Британецот Ерик Морли и неговата сопруга Џули Морли, во Велика Британија. Како што истакнуваат организаторите, целта на настанот е да ја покаже внатрешната духовна убавина во комбинација со надворешната женска хармонија и фрациозноста за со цел да ги промовира принципите на толеранцијата и добротворните активности во светот.