Мисајловски: Да не заборавиме од каде сме и каде припаѓаме

15

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2, денеска го посети Бутел и манастирот Св. Никола од каде што ги повика граѓаните да ги посетуваат убавините на Македонија, а исто така ги повика  граѓаните на 15 јули да излезат и гласаат за број 14 и за „Обнова на Македонија“ со што се обврза на повеќе средства од буџетот за културата  и културните наследства на Македонија.

– Имам можност повторно да бидам тука во Бутел да разговарам со многу пријатели, со познаници да го прошириме гласот за обнова на Македонија. Денеска сум исто така на убаво место каде што позади мене можете да видите се наоѓа и манастирот Св. Никола место каде што навистина секој еден човек треба да дојде и да го посети, место каде што треба и  министерството за култура се разбира и државата да одвои повеќе средства. Вакви убавини има не само во Бутел туку и насекаде во Македонија затоа е потребно да стигне обновата на Македонија за да има обнова во културата да има обнова во уметноста, а јас често пати велам да има и обнова на семејните вредности на традицијата на она исконското да не заборавиме од каде сме и каде припаѓаме и да не ги заборавиме овие прекрасни убавини што се не само позади мене, туку и насекаде во Македонија -нагласи Мисајловски.

Тој додаде дека во ек на пандемија кога граѓаните не можат да излезат надвор од границите на Македонија добро е да ги  посетат убавите места низ Македонија и да ја зачуваат традицијата и културата.

– Во ова време баш во ек на пандемија кога народот за жал е оставен во границите на Македонија добро е да си ги посетиме овие убави места насекаде во Македонија, а во изборна единица два има многу такви прекрасни места. Затоа ги повикувам  граѓаните да ја сакаат Македонија, да ги сакаат овие прекрасни места бидејќи набрзо ќе има многу проекти не само за Бутел за Ѓорче Петров, не само за Куманово не само за Чаир, туку насекаде низ изборната единица 2, насекаде низ Македонија – истакна Мисајловски.

Носителот на изборната единица 2, Мисајловски ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да гласаат за број 14 и обнова на Македонија.

– Затоа е важно на овие избори да се излезе и да се даде довербата за обнова на Македонија, да се даде довербата за коалицијата за обнова за Македонија и  се разбира на 15 јули сите да гласаат  за број 14 – заклучи Мисајловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.