Мисајловски до Зекири: Три години СДСМ работеше само за да го смени името

„Кој е вистинскиот пат да влеземе во ЕУ или ќе има нов штетен договор?“ – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното гостување во „24 анализа“ на ТВ 24.

Во дебатата со пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, Мисајловски посочи дека се што е штетно мора да се поништи. Тој го праша Зекири дали се за членство во ЕУ со фамозниот Преспански договор и дека со него ги излажале граѓаните.

„Кажете го новиот пат на граѓаните што го нудите? Како ќе влеземе во ЕУ? Три години се обидувате со репресија како да го смените името, ништо не направивте. Треба да се работи, Франција не е виновна. Слушнавте денеска дека ви кажаа дека не ги исполнувате реформите. Зошто манипулирате со јавноста?“ – праша Мисајловски.

Во однос на предвремените парламентарни избори, Мислајловски е согласен со Зекири дека тие нема да се одложат. Го потсети Зекири дека на времето Зекири изјави дека ДУИ се канцер на македонското општество и дека било нужно зло да се коалицира со нив за да се сруши режимот.

„Па ако се лоши, тие ли се чесните граѓани? Дали сега уживате со нив? Дали заедно се договарате? Дали сте за пуста власт? Пак ли ќе коалицирате со нив?“ – го праша Мисајловски.

Мисајловски рече дека некои од СДСМ што преминуваат во нивната партија поради незадоволство, но смета дека некои од нив направија грешки за кои сега се каат, но не посочи кои се тие. Мисајловски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните паламентарни избори.