Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ во саботата во скопската општина Ѓорче Петров истакна дека со оваа власт на ДУИ и СДС, Македонија тоне, а власта сака да украде милијарди преку изградбата на коридорите, затоа посочи е потребна промена на власта.
„Ова е Ѓорче Петров, ова е Македонија, ова е Македонија за сите луѓе! Стартуваме со огромна кампања насекаде низ Македонија да покажеме дека народот е Македонија. 19 тима ќе посетиме 700 места. За разлика од СДСМ не се криеме во некое маало со членството колку да кажеме нешто, секој може да ни се придружи“, рече тој.
Мисајловски нагласи дека многу е важно граѓаните да слушнат што се случува во Македонија.
„Гледате какви скандали има, гледате како сакаат милијарди евра да украдат со автопатот, да го украдат народот. Нема економија, нема здравство, Македонија тоне пореди СДС и ДУИ. ДУИ ја води државата а СДС мора да биде со нив за некој месец плус да остане на власт. Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, затоа е најважно ВМРО-ДПМНЕ да победи“, нагласи Мисајловски.