Мисајловски: Ќе изградиме комплетно нов автопат од Велес, преку Прилеп до Битола

303

Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски ветува дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе изградат комплетно нов автопат од Велес, преку Прилеп до Битола.

„Ќе извршиме комплетна реконструкција на сите регионални патишта и ќе инвестираме над 2 милијарди евра во патна инфраструктура“ вели Мисајловски на Фејсбук.

Тој ветува дека ќе работат чесно и посветено и оти ќе се обнови цела Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.