Мисајловски: Големата излезност покажува дека народот помасовно сака да заокружи за Македонија

22

Дојде и 15 јули, денот каде што македонскиот народ може да си го даде својот глас. Јас се надевам на убедлива и сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Може тоа да се види дека редици граѓани доаѓаат, тоа значи дека сите сакаат да се смени оваа власт, рече по гласањето, Владо Мисајловски, носител на коалицијата за обнова на Македонија во Изборна единица 3

„Затоа ги охрабрувам сите граѓани да имаат убав ден, посакувам убав изборен ден, се разбира без инциденти, без нешто неочекувано, а не она што го прави СДСМ постојано, агитираат на терен, асфалтираат во молк и така натаму. Но, со сето тоа што го прават, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Народот ќе излезе во голема бројка, а веќе може да го видиме од утринските часови дека се помасовно сака да заокружи на ливчето, односно сака да заокружи за Македонија.

Затоа ве охрабрувам сите да имаат убав ден и се разбира ВМРО-ДПМНЕ да ја прослави победата, а потоа многу набрзо да ја формира Владата. Честитки до сите граѓани за предкампања, во кампањата се разбира, а сега и денот кога со пенкало треба да ја изберете вашата иднина“, додаде Мисајловски.
,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.