Мисајловски: Граѓаните на Македонија заслужуваат подобар животен стандард и ние мораме да се бориме тоа да го оствариме

Денеска започнувам со средба со пензионерите од населеното место Ченто, општина Гази Баба. Ги посетив овие луѓе кои велат дека оваа ненародна власт на никаков начин не ги потпомогнала, ниту пак ги исполнила ветувањата во однос на пензионерите.

Оваа категорија на луѓе заслужува големо внимание и секое ветување пред нив е голема обврска. Секое ветување мора да се исполни. Затоа ние се обврзуваме да ги исполниме сите ветувања кои сме ги напишале во изборната програма. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар животен стандард и ние мораме да се бориме тоа да го оствариме.

На 15-ти јули започнува Обновата на Македонија!, пишува носителот на листат на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.