Мисајловски: Граѓаните покажаа дека се за обнова на Македонија, ние ветуваме само реални работи

Вчера граѓаните покажаа на чија страна се. Вчера граѓаните покажаа дека се со ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните покажаа дека се за обнова на Македонија, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Мисајловски кој нагласи дека остануваат уште само 12 дена од заминувањето на Зоран Заев од премиерската позиција и уште само три и пол месеци од победата на ВМРО-ДПМНЕ и почетокот на обновата.

Тој порача дека времето на политикантите помина. Секој што се огрешил пред законот и пред народот ќе одговара.

„Во народот владее апатија, разочараност од се до сега што се случуваше. Оваа генерација во ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од сите политичари во Македонија до сега. Нема ветување на невозможни работи, но се што ќе се вети, ќе се исполни.

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе инвестира 11 милијарди евра за 4 години во инвестициите, во проектите, во образованието, во здравството и животната средина. Ќе спроведеме целосна обнова.

Во доменот на инфраструктурата ќе реализираме инфраструктурен бум со цел побрз развој на државата, во делот на образованието се обврзуваме барем еден Универзитет да се најде на Шангајската листа, ќе го намалиме загадувањето за 50%, ќе инвестираме во болници, клинички центри и опрема според потребите на граѓаните“, порача Мисајловски.

Во земјоделието има специјален пакет на мерки, вели тој, со редовна исплата на субвенции и загарантиран откуп на земјоделските производи.

На пензионерите и вети дека ќе го вратат стариот модел на пресметка за раст на пензиите два пати годишно. Тоа што им го укинаа Зоран Заев и Мила Царовска тие ќе го вратат.

Спортот и културата ќе бидат на ниво на државни проекти.

„Никој нема да смее да ги рекетира бизнисмените. Секој бизнисмен нека се чувствува слободен да инвестира и да креира нови работни места, а доколку некој се обиде да го рекетира тој бизнисмен, без разлика колку и да е близок на партијата ќе одговара согласно закон.

Ќе спроведеме политика на принципи. Најважно за ВМРО-ДПМНЕ се принципите кои мора да постојат во политиката и во општеството. Македонија ќе има влада и премиер кој ќе и биде лојален“, потенцира Мисајловски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.