Мисајловски: И покрај целиот изборен фалсификат и поткуп од владеачката партија, со многу труд и работа успеавме да победиме во ИЕ2

45

Тргнавме со негативни анкети од сите страни, но со многу труд, работа и посветеност успеавме да победиме во изборната единица 2, пишува на својата Фејсбук страница носителот на листата во ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Со целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владеачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на Сдсм на чело со премиерот на државата и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме!

Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат затоа што не ја одликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата.

Но, за мене е важна поддршката од сите граѓани што ни ја дадоа и веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата секогаш да ја продолжиме.

Благодарност до секој еден комитет и член на Вмро Дпмне што беше рамо до рамо со мене, благодарност за секој еден што ни ја отвори вратата и што не прими во дворовите и пред зградите, благодарност за моите сопартијци што беа со мене во најтешкото време и никогаш не потклекнаа на ништо, благодарност за сите граѓани што не поддржаа и затоа имајќи ги овие луѓе до себе, најмногу вреди да продолжиме да се бориме за Македонија и за Вмро Дпмне.

Да Живее ВМРО ДПМНЕ

Да Живее Македонија!, пишува Мисајловски во својата објава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.