15.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Мисајловски: Излезете на избори и казнете ги лагите и манипулациите на Заев

Многу пати до сега се случило самиот Заев да биде соочен со вистината, и самиот себе да се демантира во еден ден, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Можете да пронајдете стотици примери каде што изјавил едно, а сторил друго. Пред камери кажал едно, а позади нив нешто сосема друго.

Вистината е следна, имаме работа со човек без никакви морални и етички рамки, без вредности и без совест.

Такви се и соработниците, го следат примерот на предводникот чие поведение стана систем на вредности во СДСМ и во владата.

Се лаже, се манипулира, се краде, се уценува.

“Зашто да не прават тие, кога прави тој ?” – е реченицата која е акцент на ова однесување.

Ама има решение.

Решението е во народот.

Особено во оние кои беа со него, а досега безброј пати ги изневери, ги навреди и разочара.

Што им нанесе срам затоа што некогаш, можеби од лични мотиви го поддржале.

Не се повлекувајте.

Излезете на избори и казнете го со пенкало.

Испратете го во историјата, како тој што направи со вашите очекувања.

Покажете дека сте поинакви од начинот на кој што ве опишува насекаде.

Дека не сте “негови”.

Време е за промени, дадете и шанса на Македонија да се исправи!, повикува Мисајловски.