Мисајловски: Македонската историја не може да ја измени никој на светот

40

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Владо Мисајловски кој се осврна на лошите политики на Владата во однос на пандемијата на коронавирусот, распродажбата на националните интереси, како и на други политички теми кои се актуелни во изминатиот период.

Според Мисајловски, бугарските политичари можат да кажуваат што сакаат за нивната историја, но не и за македонската историја.

Националните интереси не се мала работа, додаде Мисајловски, и додаде дека ниту пак е нешто што може да се занемари, едноставно не смее да се попушта за такви прашања.

„Бугарските политичари велат дека Гоце Делчев бил Бугарин. Тоа не само што не е вистина, туку таквото размислување е повеќе од комично. Гоце Делчев е Македонец. Роден како Македонец и загинал како Македонец и точка. Тука нема што повеќе да се додаде. За револуциониери од калибарот на Делчев, Карев, Питу Гули и сите други, никој не смее ниту да разговара, ниту да преговара, ниту да донесува било какви одлуки. Сите тие се Македонци и ништо друго“, вели Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е бедемот на македонизмот и браникот кој секогаш ќе се бори за зачувување на македонската историја. Ниту една Влада, ниту еден политичар нема право да се меша во тие работи. Доволно е што самите револуционери живееле и загинале за Македонија. Тоа е доволен доказ за тоа дека биле горди Македонци, кои ниту својот живот не го жалеле за слобода на својата земја Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.