Мисајловски: Младите од Бутел одбираат Обнова на Македонија!

Носителот на листа во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Рашела Мизрахи и Дарко Костовски, на својата фејсбук страница напиша дека денес испија кафе заедно со младите од Бутел.

„Дружбата и разговорите со младите секогаш ме исполнуваат со позитивна енергија. Денеска заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Рашела Мизрахи и Дарко Костовски испивме кафе заедно со младите од Бутел. Тие велат дека младината е расположена за нови победи и дека тие ќе бидат носителите на најголемиот товар до победата која што следува на 15-ти јули.
Тие се моторот на партијата и на државата, главниот двигател и енергијата која одекнува секогаш и секаде.
Младите луѓе во Република Македонија се за промени!

Младите од Бутел одбираат Обнова на Македонија!🇲🇰’“, објави Мисјаловски по средбата на својот официјален профил на фејсбук.