21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мисајловски: Новиот слоган на власта е „Оставени сами на себе“

После вчерашната изјава на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за една национална телевизија, во која тој вели дека „Оставени сме сами на себе, со реакција излезе потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски,
повикувајќи ја власта дека време е за разум и заедничка работа, а не да бидеме сите оставени сами на себе.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата реакција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски:

Оставени сме сами на себе !!!

Дали ова е слоганот што полека се наметнува во каква ситуација не носи власта и нивната суета?

Со ваков однос од страна на власта во Куманово станува се појасно дека локалната власт е оставена на милост и немилост, докторите мака мачат да помогнат, а граѓаните сами ќе се борат за да го победат вирусот и пандемијата.

Сведоци сме на гужви пред банките, народ насобран пред продавниците и аптеките и за тоа воопшто не се криви граѓаните, туку негрижата на власта кон народот и нивните лоши економски мерки што го остава секој поединец со празни чебови.

Секој ден слушаме како угостителите се доведени до колапс, отпуштаат вработени бидејќи немаат друга алтернатива, занаетчиите апелираат дека ќе изумрат чаршиите, малите дуќанчиња незнаат дали ќе извадат средства за трошоци да покријат, фабриките полека се затвараат, а увозот и извозот ги снемува.

Завршете ги сите итни јавни набавки за респиратори и за сите медицински потреби и нема да ве критикуваме за цената, бидејќи секој нареден изгубен ден ќе се качуваат цените во светот, а многу повеќе е вреден било кој човечки живот да го спасиме, отколку било која ваша цена постигната на вашите тендери.

Дајте им на фирмите добри финансиски средства веднаш и верувајте, не само што работниците ќе ве поздрават, туку со овој чекор тие фирми ќе ја помогнат државата да се врати на добра патека.

Време е за разум и заедничка работа, а не да бидеме сите оставени сами на себе.

#ЗаЗаедничкаИднина🇲🇰
#СедиДома

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.