Мисајловски: Плата од 36.000 денари за наставниците

Денеска имам можност да сум тука во Ѓорче Петров и да се сретнам со повеќе граѓани. Да разговарам за секојдневните проблеми, но и да ги слушнам нив, се разбира и утре во новата влада да имплементираме се што е потребно за да им помогнеме на овие луѓе. Се работи за многу мали дуќанчиња, сопственици на приватен бизнис кои мака мачат овие неколку година, а поготово од кога се погодени од здравствената криза – порача денеска Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од Центарот за комуникации на оваа партија.

„Затоа најважно е ВМРО-ДПМНЕ им дава надеж дека ќе им помогнеме на сите мали бизниси, за да ги издржат овие период, но секако и во идниот период кој што доаѓа како да ги зачуваат своите работници и како да имаат успешен бизнис, бидејќи навистина се погодени.

Исто така имав средба и со просветните работници каде што разговаравме за сите оние предизвици доаѓаат во наредниот период и секако ги објаснивме сите наши проекти кои се наоѓаат во обновата на Македонија.

А тоа се разбира обнова на образованието, на науката и културата.

Во Ѓорче Петров има многу нерешени локални проблеми каде за жал општинската власт тука нема слух, не се работи а ниту пак има капитални инвестиции. Во минатото се градеше насекаде низ Република Македонија, еве може да се виде и позади мене делата на ВМРО-ДПМНЕ и насекаде низ Ѓорче Петров каде што се вложуваше во инфраструктурата.

За жал сега ниту градот, ниту општината, ниту пак централната власт не им текнува. Може они ќе се пофалат со некои проекти од ВМРО-ДПМНЕ како што е започната канализација во времето кога јас лично преку владата обезбедив средства за да се заврши канализацијата во Волково, да се обезбедат средства за 33 улици, но они сега се фалат со тие улици. Нејсе, важно е граѓаните да ги добијат тие улици а тие нека продолжат да се фалат со проекти кои ги нарекуваат нивни, но за жал такви проекти не постојат.

Јас ги охрабрувам граѓаните да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Обновата на Македонија, бидејќи навистина ќе има илјадници проекти, за секој еден од нив, не само во Ѓорче Петров, туку насекаде во изборната единица 2, насекаде во Република Македонија.

Затоа драги пријатели, драги сограѓани излезете на 15 јули и гласајте за бројот 14“.