Мисајловски: Пописот кој Заев сака да го спроведе ќе биде фингиран и нереален

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој зборуваше за лошите владини политики во однос на економската и здравствена криза, како и за пописот кој несомнено треба да се реализира но не онаков каков што Зоран Заев го замислува.

Мисајловски истакна дека СДСМ и Зоран Заев уште еднаш со ваквото однесување докажуваат дека на нив не им е важен пописот како статистичка операција, туку како нешто кое што во иднина ќе им овозможи пазарење со одредени етнички заедници во земјата.

Насилничкото носење на законот за попис уште еднаш говори за злоупотребата на европското знаменце и газењето на европските вредности. Ова што се случува во Собранието е жално и навредувачки за целата нација, бидејќи за вакви прашања треба да се има консензус од сите политички партии, бидејќи пописот е нешто кое што ги засега сите граѓани, вели Мисајловски.

“Пописот треба да се реализира бидејќи државата навистина долги години немала вакво нешто, но тој не треба да се случи само поради тоа да пројде како момент или пак да се искористи со задни намери како што тоа сега го планира Зоран Заев, туку да даде сериозни и релевантни бројки врз кои ќе може во иднина да се темели градењето и напредокот на општеството”, додаде Мисајловски.

Доколку пописот биде нереален, односно фингиран, што досега укажува дека ќе биде така, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прифати резултатите од ваквиот попис. ВМРО-ДПМНЕ исто така ќе го мобилизира членството, но и секој еден граѓанин кој
исто размислува како нас. Едноставно на ваквите работи мора да им се застане на патот и да не се дозволи каубојско водење на земјата, заврши Мисајловски.