10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Мисајловски: Потребен е закон за потекло на имотот на политичарите

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 денеска го посети Куманово каде што се сретна со младите и со унијата на жени од Куманово и побара поддршка од нив за да може да започне обновата на Македонија.

„Денеска сум повторно во Куманово сакаме да го продолжиме како што почнавме со позитивна енергија денеска сме со младите тука во Куманово со унијата на жени и да го поминеме  градот со една позитивна енергија ведрина со насмевка и да го поминеме градот и да ги замолиме граѓаните да излезат и да ни ја дадат поддршката“- нагласи Мисајловски

Мисајловски побара поддршка од Куманово со цел да може да започне обновата во културата да има обнова во судството, обнова во здравството во инфраструктурата во спортот и во сите сегменти на општеството.

„Поминавме многу, поминавме многу населени места разговараме за многу проблеми тука во Куманово и дадовме аманет дека ќе помогнеме насекаде. Нашата програма проект обнова ќе биде насекаде опфатена во Куманово затоа ги замолувам сите сограѓани сите наши пријатели комшии роднини да ни ја дадат поддршката на 15 јули да гласаат за бројот 14 за да има обнова во културата да има обнова во судството да има обнова во здравството во инфраструктурата во спортот и насекаде околу нас“ – истакна Мисајловски

Мисајловски додаде дека за него кампањата започнала со црно сценарио од политичкиот противник но тој продолжува позитивна кампања за обнова на Македонија.

„Знаете дека оваа кампања за мене почна со едно црно сценарио со една фрлена бомба во мојот семеен дуќан но јас уште првиот ден кажав дека тие инспиратори и креатори од политичкиот опонент мене нема да ме запрат, јас ќе продолжам со позитивна енергија со ведрина за она што секој еден копнее во оваа држава а тоа да се има надеж за подобра иднина. Јас се потрудив овие 20 дена да го доловам тој момент насекаде“ – кажа Мисајловски

Носител на изборната единица 2, Мисајловски истакна дека ја чувствува енергијата во целата изборна единица 2 и се обврза на реализација на сите проекти во програмата за обнова на Македонија.

Ја чувствувам енергијата во целата изборна единица два и сакам да се заблагодарам на секое едно населено место тука од Куманово што ја даде својата енергија што не прими во нивните домови што излезе пред вратите пред портите што ни даде сугестија и забелешка а некогаш и критика за она што сме го заборавиле во минатото а ние се обврзуваме дека ќе го направиме во иднината -истакна Мисајловски

Мисајловски додаде дека е неопходно да се донесе законот што ВМРО-ДПМНЕ го предлага за потекло на имот за да увидат граѓаните какви политичари има во Куманово.

Политичкиот опонент само размислува на црни сценарија размислува како да ме навреди и размислува само на црни сценарија. Јас сум многу различен. Затоа е добро законот што ВМРО-ДПМНЕ го предлага за потекло на имот да видите какви политичари има тука во Куманово и што се кријат зад своите таканаречени пријателски бизниси. Затоа е добро обновата на Македонија да почне тука од Куманово да зафати многу лица од СДСМ за да знаете каде завршувале тие црни пари тие тендери и куферчиња. Но тоа е СДСМ ние сме различни, ВМРО-ДПМНЕ е различна партија од СДСМ ние сме партија што сакаме секој еден од вас да го замолиме да го даде вашиот глас а ние се обврзуваме на работа на труд и се разбира да си ја зачуваме оваа наша земја, оваа наша татковина Република Македонија – заклучи Мисајловски.