Мисајловски: СДСМ не само што на своја иницијатива не работи за доброто на граѓаните, туку и не покажува желба да соработува во врска со проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги предлага

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Владо Мисајловски кој се осврна на лошите политики на Владата во однос на Ковид пандемијата, злоупотребата на европските средства, како и на други политички теми кои се актуелни во изминатиот период.

Мисајловски потенцираше дека воопшто не е важно кој ќе направи некоја уличка, кој ќе купи лап топ или кој ќе обезбеди нешто друго што е потребно за граѓаните.

-Најважно е граѓаните да почувствуваат напредок и да не се чувствуваат заборавени. Наместо вакви теми, кои треба да не асоцираат на прогресивност, власта зборува за легализација на марихуаната, за делење на лиценци за да можат да ги подмират долговите кон соработниците, вели Мисајловски.

Граѓаните е очигледно дека имаат лош животен стандард, особено сега кога владее пандемијата и голем број на мали и средни бизниси не функционираат. Владата треба да вложи средства во тој проблем, граѓаните да можат да го преживеат ова време невреме, а не да се трошат пари на лични потреби и задоволување на одредени индивидуи од власта.

“Во Собранието овие денови ќе се води расправа за буџетот кој треба да се изгласа. На тие расправи граѓаните ќе имаат можност да видат што ние како ВМРО-ДПМНЕ понудивме во тој буџет, какви проекти и мерки предложивме за подобар животен стандард на граѓаните, за кои власта очигледно намерно или ненамерно нема слух. Тоа е жално, ние мора да работиме за граѓаните, а не да задоволуваме наши суети”, вели Мисајловски.

-СДСМ е очигледно дека не сака да работи во полза на граѓаните, не сака да придонесува за подобро утре. Едноставно се навикнати на приватизација, отпуштање на работници, затворање на фирми. Еден од таквите примери е моменталната ситуација со Македонски Пошти, кои се поизвесно е дека ќе бидат еден од бонбона бизнисите на СДСМ, по примерот на министерката Шекеринска, вели Мисајловски.