Мисајловски: СДСМ знае дека не може да го победи ВМРО-ДПМНЕ, затоа власта има стратегија за напаѓање и црна кампања

Предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е многу голема. Можам да кажам дека е и 3:1. Тие се свесни дека никако не можат да го победат ВМРО-ДПМНЕ, па ќе пробуваат да му наштетуваат. Тоа е нивната цел, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски, во своето гостување на „Што не е јасно“ на АЛФА.

-Црната кампања секогаш кај нив постои. Црната кампања и прогонот, црната кампања е сите личности од ВМРО-ДПМНЕ да се оцрнат, да се направи злочин кон нив… Таргет е ВМРО-ДПМНЕ, таргет е Христијан Мицкоски бидејќи има најголем рејтинг во Република Македонија и сите знаат дека нов премиер ќе биде Мицкоски. СДСМ прават посебна стратегија како да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ поради повеќе причини, но главната причина е бидејќи тие ги гледаат рејтинзите и сакаат по секоја цена како да падне рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Многу важно за нив е, исто така, како да продолжат нивните тендер-коалиции паралелно, односно да си ги тераат сите бизниси, истакна тој.

Мисајловски потенцира дека секој може да забележи дека во Македонија нема доволно позитивни вести, во самото општество.

-Кога ќе ги погледнете градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, можете да видите дека денес се направени 2-3 игралишта, дена денес се направени 2-3 улици,  бидејќи сакаат да се докажат и работат. Кога ќе ја погледнете Владата, вие немате нешто позитивно, истакна тој.

Потпретседателот на партијата потенцира дека се обединети и дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е демократски да победи на следните избори, па да состават нова влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.