5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мисајловски: Се лицитира со закони само да се спаси Заев

Имавме многу убава можност и шанса да имаме убави состаноци тука во Општината Шуто Оризари. Да се видиме со граѓаните да разговараме со нивните проблеми. Ние од ВМРО-ДПМНЕ постојано сме на терен и добро е што ги слушаме граѓаните, нивните размислувања но и нивните критики па се разбира со една цел како да станеме подобри и се разбира да победиме на 12 април, истакна потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, при вчерашната посета на Општината Шуто Оризари.

-Изборите ќе се случат набрзо, гледате што се случува во собранието. Еден голем пазар кој денеска тука во Шуто Оризари го констатиравме дека на пазарот во Шутка тоа не се случува. Се продава правото, се продава правдата, се лицитира со закони и само за една цел да се спаси Заев и таа свита околу него како да побегне од избори да не одговара за сите криминали што ги направија овие три години. Тука во Шуто Оризари фалат многу проекти, фалат нови улици, фали нова инфраструктура. Денеска драго ми е и што поранешниот градоначалник Коце Трајановски беше тука со мене каде што навистина многу допринел како човек, но и како градоначалник за овие граѓани, рече Мисајловски и додаде:

„Ни требаат луѓе кои што навистина ќе се грижат. Овие дупки што ги има на секоја улица и ниту еден проект за овие граѓани тоа да стане минато. Ни треба свежа енергија и драго ми е и што комитетот на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари се труди многу да ги посети граѓаните, да ја приближи нашата програма и да бидеме што повеќе. ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија за сите граѓани, ние имаме една добра основа една добра подлога и тоа ќе го направиме. Шуто Оризари сака нови промени, сакаат подобра Македонија.
Ние сите тука заедно сме Република Македонија. Може да не разрешуваат во Собрание сите до еден, но секогаш ќе има човек кој што ќе се бори за Македонија, бидејќи ние сите сме ВМРО-ДПМНЕ и заеднички сме граѓани на Република Македонија“.