11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Мисајловски: Се обврзуваме за здрава и чиста животна средина!

Утринава заедно со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Куманово и кандидатите за пратеници во ИЕ2 Бране Петрушевски и Тихомир Алексовски прошетавме во паркот на локацијата “Борчиња” во Куманово. Животната средина е нешто кое не засега сите и токму затоа мораме да се грижиме за неа и да обрнуваме големо внимание. При прошетката поставивме и неколку корпи за отпадоци, кои ќе придонесат за чистотата во паркот, како и за подигање на еколошката свест кај граѓаните, вели во својата Фејсбук објава носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.

ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма има голем број на проекти и мерки, преку кои животната средина ќе биде заштитена и драстично ќе се намали енормното загадување кое за жал го имавме изминатите неколку години.

Се обврзуваме за здрава и чиста животна средина!

Обновата доаѓа!, пишува Мисајловски во својата објава.