11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мисајловски: Се троши на репрезентации и патувања, наместо да се пренаменат средствата од Буџетот за болниците и медицинскиот кадар

Во вечерашната „Клик Плус“ на ТВ21 телевизија, потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, истакна дека сите средства со коишто се може да се помогне треба да се пренаменат,а ставките за репрезентација и патувања сеуште не се кратат од буџетот.

Мисајловски вели дека сите средства коишто можат да помогнат треба се пренаменат од Буџетот, има ставки коишто треба веднаш да се кратат.

„Имаме ставки во буџетот за репрезентации што не се кратат, имаме ставки за патувања коишто не се кратат, имаме еден куп ставки за институциите за коишто веднаш може да се направи ребаланс на влада и тие пари да се пренаменат за потребите на болниците и медицинскиот кадар кон бизнисот и економијата“, посочи Мисајловски.

Рече дека СДСМ сака да удри кон граѓаните, но дали функционерите на владеачката партија ќе се откажат од нивните плати.

„Во Владата нема протокол, ниту план што ќе се прави доколку кризата продолжи 12, 18 месеци, нашите болници и институции не се толку спремни како европските затоа треба да се помогне на било каков начин, затоа што ова мора да го надминеме и Македонија да застане повторно на нозе“, продолжи Мисајловски.

„Мора да констатирам една работа дека добиваме различни изјави дали Буџетот е ликвиден и дали има доволно пари пред неколку дена слушнавме дека има одлична кондиција и дека блескаме, а сега слушаме дека фалат 1,3 милијарди евра, сега слушнавме и од Дамјан Манчевски дека фалат околу 2 милијарди евра во Буџетот, народот треба да знае што е вистината“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Слушам како се фалат меѓу себе колку добро работат, јас не сакам да критикувам сакам реално да ги кажувам работите и стојам на располагање и јас и сите од мојата партија во овој хаос кој ни се случува, но мора да ги знаеме реалните состојби во државата. Во државата нема доволно средства, ние со само две, три недели ваква криза видовме дека нема доволно пари во економијата и дека апсолутно нема доволно пари во буџетот. Од друга страна слушаме како сме најдобри во Европа на секој можен план. Сега мора да ги скратиме сите плати во администрацијата, а од друга денеска не кажуваме дека еден куп авторски договори се потпишуваат на неопределено со многу институции во Македонија или од прилика 65 институции потпишуваат договори со нови луѓе да се вработат, јас би сакал да прашам што е толку итно во домот на културата во Кавадарци да се вработуваат луѓе? Тоа го прочитав можеби грешам, или 15 милиони денари за вработувања во општина Гази Баба? Или 11 милиони за во општина Ѓорче Петров, од една страна велиме дека мора да се скратат парите, а денеска гледаме дека има нови договори“, рече Мисајловски

Додаде дека тоа не е реалната слика, не е фер однос кон сите граѓани на оваа држава.

„ВМРО-ДПМНЕ дава одлични предлози и мерки коишто треба да се спроведат, и стои на располагање на владата, но граѓаните треба да ја знаат реалната слика затоа што се соочуваме со ситуација со недостаток на ракавици и опрема за медицинскиот кадар“, истакна Мисалјовски.