Мисајловски со честитка по повод роденденот на ВМРО-ДПМНЕ: Оваа партија е формирана да ја гради и развива Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку видео порака денеска и го честиташе 30-от роденден на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и 127 годишнината од основањето на ВМРО.

-Се поклонивме на спомен обележјето на Драган Богдановски, основачот на ВМРО – ДПМНЕ.
Историски наследник на ВМРО, партија формирана да ја гради и развива Македонија.
Вечна да е идејата.
127 години ВМРО.
30 години ВМРО-ДПМНЕ ⚫🔴, стои во постот на Мисајловски.