Мисајловски: Со СДСМ граѓаните се соочија со немање на парно и фијаско со набавка на вакцини против Ковид – 19

„Со месеци се зборува дека ќе има енергетска криза. А, што направија? Дали направија една мерка? Не! Туку, ние мораше на времето да протестираме, за да не се качи цената на струјата. Затоа што ние знаевме дека многу ќе се очекува качување на цената на струјата“, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Мисајловски запраша со која мерка владата на СДСМ направи да се задоволат потребите на граѓаните сега кога им е најлошо.

„Парно нема, по одредени места во Скопје парно нема“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски потсети и за фијаското со вакцини за КОВИД-19.

„Се фалеа колку маски нарачуваа, на телевизии се најавуваше помпезно и за вакцините исто. И што бидна на крај? Последна земја бевме во регионот, во Европа што добивме вакцини“, рече Мисајловски.

Мисајловски укажа дека Владата на СДСМ народот го поделија на вакцинирани, невакцинирани, на Вмровци, Сдсмовци.

„Поскапи бензинот, поскапеа продуктите, фиктивно зголемуваат плата, инфлација, и сето тоа кога ќе го соберете има очај и разочарување кај народот“, појасни Мисајловски.

Мисајловски додаде дека со оваа Влада граѓаните ги чека доста тешка зима бидејќи не се справи успешно со енергетската криза.