Мисајловски: Свесни дека ќе изгубат со голема разлика, СДСМ гледаат само како да избегаат од избори

Целта на оваа ситуација со законот за јавно обвинителство е многу јасна. И ВМРО-ДПМНЕ не го напушти Собранието поради повеќе причини, една од главните е што СДСМ пушти толку многу закони кои се штетни што пратениците наши мора да се таму за да кажат свое мислење, ова вечерва во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат-М го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Свесни дека ќе изгубат со голема разлика, СДСМ гледаат само како да избегаат од избори. Нема да им помине тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во Собранието. Што ќе биде потоа ќе видиме, дали ќе има дополнителни демократски мерки не знам ќе одлучиме дополнително. До недела одлучивме да сме во Собрание за да сме дел од процесите, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи дека во Собрание сега има само трговија.

– Не е тоа за носење квалитетни закони. СДСМ сега го интересира само законот за канабис зошто им требаат пари, рече Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повтори определбите на партијата според кои ја гледаат Македонија во евроатлантските структури. – За тоа треба квалитетни закони. Треба одговорност за криминалот. Тоа е НАТО и ЕУ, рече Мисајловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.