Мисајловски: Влада која шест години нема километар автопат направено, сега тоа планира да го направи за шест месеци?!

Мислам дека они сакаат да ги израмнат сите теми. Вжани се политичките теми, но исто така важни се и образовните теми, меморандумите за соработка, во транспортот, во економијата итн. Они сакаат да направат релативизирање на се и тоа да го претстават дека не е ништо страшно, рече во емисијата „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Ако толку е добар овој договор за добрососедство со Бугарија, зошто дел од грантовите не се зголемат кон Македонија? Јас додека бев министер за транспорт ние аплициравме за огромен грант во железницата и тој се доби, но овие не го реализираат. И сега сакате да ми кажете дека сите овие договори они ќе ги исполнат? Па шест години немаат километар автопат, немаат километар железница и како сега сите тие договори, сите тие прашања ќе ги ставиме на исто кога има од една страна идентитетски многу важни работи што се во еден член и овие други договори што се за сите добри“, истакна Мисајловски.

Додаде дека апсолутно не доаѓа во предвид да се релативизираат овие две работи.