Мисајловски: Власта ја нема, ВМРО-ДПМНЕ целосно е посветена и се става на располагање пред граѓаните

Македонија се соочува со огромна катастрофа. Пожарите загрозуваат села и градови, загрозуваат животи и имот на граѓаните, уништија илјадници хектари шуми, а власта никаде ја нема, изјави на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски,

Тој посочи дека Македонија гори, тие прогласија кризна состојба и ги снема.

-Го оставија народот сам на себе. Граѓани со лопати и кофи гасат пожари, мака мачи да си го заштити животот и имотот, да ја спаси Македонија, кој со што може и има. Неспособноста и неодговорноста на власта се гледа на секој чекор. Едноставно затаи системот на заштита, бидејќи доколку имаше навремена системска реакција, пожарите немаше да ескалираат. И три дена нема ни трага ни глас од Заев. Тој е првоодговорен за состојбите. Не може неговиот одмор да биде поважен од животот на граѓаните. Тој и сите функционери се платени од парите на граѓаните, истите оние кои што сега се борат за жживот и молат за помош. Особено вие од Пехчево, Кочани, Кумановско, Прилепско и секаде онаму кај што се соочувате со катаклизмичките огнени стихии кои ги голтаа вашите ниви, шуми, пасишта, фарми, куќи и други добра, наша и ваша обврска како граѓани во отсуство на власт е самите да си помогнеме и да им помогнеме на пожарникарите од другите земји кои дојдоа да ги гасат пожарите, вели Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата целосно е посветена и се става на располагање пред потребите на граѓаните, на пожарникарите, на располагање на сите институции, за се што е потребно. Не е време за политиканство.

Додека власта е на одмор, додека Македонија гори, народот и пожарникарите се хероите коишто ќе ја спасат оваа држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.