Мисајловски: Власта да не помислува да потпише договор за национален срам за Македонија и да бега од резолуцијата во Собрание

Власта да не помислува да потпише договор за национален срам за Македонија, да не помислува да ги стави на маса македонскиот јазик и историја, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Што не е јасно“ на Алфа, потенцирајќи дека Македонија има своја резолуција во Собрание и Македонија мора да се држи до своите црвени линии.

Бучковски не направи ништодобро за Македонија како специјален претставник за Бугарија. Истот така гледаме како од бугарска страна е навредувана Македонија, а МНР си молчеше.

– Ние треба да име свои црвени линии, ние сме Македонци во своја македонска држава и не треба да отстапуваме, да си ги браниме нашите интереси. Во Бугарија направиле свои барања, но ние имаме резолуција која во Собрание ја прифатија сите политички партии. Оваа држава има ли претседател, има ли државен врв кој ќе ги собере сите чинители кои ќе ги кажат црвените линии? – вели Мисајловски.

Говорејќи за смета на Владо Бучковски како специјален претставник за Бугарија, Мисајловски посочи дека Бучковски досега не направи ништо добро за Македонија, и упати порака до власта дека не смее да помислува да се откажува од македонското минато и да менува учебници.

– На крајот на денот дали ќе има специјален прееставник или не, да им порачам на власта да не помислуваат да потпишат некаков договор за национален срам за Македонија, да не помислуваат да го стават македонскиот јазик на маса, и да не помислуваат дека немаме своја македонска историја. Да не помислуваат да менуваат учебници, ние Македонци од Македонија со македонско минато и идентитет. Секој еден што чита заклетва во Собрание треба да знае дека е за граѓаните, потенцира Мисајловски.