Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ со победи во 14 општини и убедливо водство во Скопје, Вевчани, Пехчево и Пробиштип!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку изјава за телевизија Телма им се заблагодари на сите граѓани на Македонија за одговорноста која им ја дале на нив во наредните четири години.

-Ова е една голема работа за ВМРО-ДПМНЕ и ќе покажеме една нова иднина во следните четири години. Имаме убедливи победи во:

Битола

Брвеница

Василево

Гевгелија

Зелениково

Кратово

Лозово

Македонски брод

Македонска каменица

Ново Село

Охрид

Радовиш

Ранковци

Ресен

Мисајловски вели и дека убедливо водат во Вевчани, Пехчево, Пробиштип, и се разбира во градот Скопје.

-Ова е убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, односно на народот во Република Македонија, рече Мисајловски.